Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Алиу: Човечките капацитети се најважниот екосистем во здравството, изготвивме регистар на здравствени работници како алатка за креирање здравствени политики

„Вистински реформски политики во здравствениот систем започнуваат кога веќе се скенира актуелната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вистински реформски политики во здравствениот систем започнуваат кога веќе се скенира актуелната состојба од инфраструктурна гледна точка и од најважниот екосистем во здравството, а тоа се човечките капацитети“, порача министерот Азир Алиу, а се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Тој појасни дека токму поради ова приоритетот уште од првиот ден како министер беше анализа на здравствените ресурси со цел да се види до каде е здравството од аспект на човечките ресурси.

„Во овој момент ние имаме вкупно 15.529 доктори, од кои 14.940 се лиценцирани, додека 599 се во фаза на релиценцирање“, соопшти министерот Алиу и додаде дека овој регистар на здравствени работници ќе биде поврзан со централниот дата центар на Министерството.

Реклама

Министерот Алиу појасни дека овој регистар ќе биде алатка која ќе служи како основа за организирање, менаџирање и креирање на здравствени политики. Во моментот анализата покажува дека распределбата на човечките капацитети не е соодветна, а тоа значи дека во некоја установа има повеќе вработени на некое одделение отколку реалната потреба, а истиот профил во друга установа недостасува.

„Според овие анализи кои ги имаме и според националната стратегија која ја креираме заедно со Министерството за образование и наука, ние освен што ќе правиме реорганизација на капацитетите, ќе предвидуваме и колку здравствени профили произведуваме, со цел да можеме да ги вклучиме во систематизацијата на работните места“, рече министерот Азир Алиу.

Тој додаде дека со регистарот за здравствени ресурси првиот чекор веќе е направен и се знае колку човечки капацитети има во државата, односно се знае каде и колку доктори имаме, нешто што не е направено над 30 години.

„Вториот момент е регистар на опрема, апаратура и инфраструктура, со кој што ќе знаеме со што реално располагаме. Со колку метри-квадратни располагаме, со колку и каков тип на апаратура располагаме, тоа веќе го правиме“, рече министерот Алиу и додаде дека со јасно дефинирани човечки и инфраструктурни капацитети, врз основа на податоци, ќе може да се креираат политики во здравството за наредните десет години.

Министерот Алиу додаде дека политиките креирани во здравствениот систем се нефлексибилни и стари, со оглед дека има закони во здравството кои не се променети со децении.