Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Ахмети ги покани лидерите на албанските партии на заедничка средба, Заев се жали на притисок врз него

Дали сите албански партии ќе застанат зад идејата за Албанец премиер? Али…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали сите албански партии ќе застанат зад идејата за Албанец премиер? Али Ахмети ги кани Зијадин Села, Африм Гаши, Билал Касами и Мендух Тачи, да седнат на заедничка маса на 13 август, и да го одбележат денот кога беше потпишан Охридскиот Рамковен Договор.

Иако во еден момент ДУИ како да омекна околу ставот за Албанец премиер, сепак со стартот на официјалните преговори за состав на Владата, повторно пораснаа апетитите на Интегративците, па од Мала Речица повторно не отстапуваат од барањето за премиер од албанскиот политички блок. А сега доаѓа и поканата за оваа средба, која уште повеќе ги зоврива страстите на политичката сцена во Македонија.

-Во име на Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, господин Али Ахмети, по одржаните предвремени парламентарни избори на 15 Јули 2020 година, имаме чест да ве поканиме на заедничка средба на парламентарните Албански политички партии. Ве покануваме средбата да ја реализираме на годишнината на Охридскиот Рамковен Договор, на ден Четврток, 13 Август 2020 година, велат од ДУИ.

Реклама

Иако од СДСМ во текот на целата претходна недела тврдеа дека имале обезбедено парламентарно мнозинство, сега како да има пад во оптимизмот. Партискиот лидер Зоран Заев вели поканата за оваа средба претставувала притисок врз него.

-Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ, се жали Заев.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, токму Заев е тој кој ги поттикнал, како што велат, етничките платформи и затоа не е чудно што тие и сега се на сцена.

-Прифаќањето и занимавањето со разни платформи кои се со етнички предзнак беше и остана одлика на Зоран Заев, така што тој ќе продолжи да се занимата со тоа, како егзит карта за спас на сопствената кариера, додека животот и стандардот на граѓаните станува се полош, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Она што претставува проблем плус за Заев во моментов, е најавата дека е можно Беса да ја напушти коалицијата „Можеме“, со што СДСМ би изгубил четири пратеници. Аријанит Хоџа вели дека ако Заев направи Влада со сите албански партии, тој ќе инсистира Беса да замине во опозиција.

Алфа постави прашање до сите партии дали ќе ја прифатат поканата од Ахмети. Од Беса и Алтернатива велат дека партиските тела ќе донеселе одлука за тоа. Алијансата за Албанците вечерва ќе известеле, додека одговор нема од ДПА на Мендух Тачи.

Матеја Петровски