Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Фискална стратегија 2027-2031: Економијата ќе расте, инфлацијата ќе се намалува

По кризата, стабилизација. Министерството за финансии очекува повисок економски раст и пониска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По кризата, стабилизација. Министерството за финансии очекува повисок економски раст и пониска инфлација, почнувајќи од 2027-ма. Поради конфликтот на Блискиот Исток кој ги поремети плановите за поголем развој годинава, властите се подготвуваат со нови проекции. Во најновата Фискална стратегија која се најде пред пратениците, стои дека економскиот раст годинава наместо 3,8% ќе изнесува 3,5%, но од следната година ќе забрза на 4%. На среден рок, Владата најмногу ќе се потпре на стратешките инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, како и финансиска помош за поголеми вложувања на домашните фирми за поголема конкурентност, иновации и продуктивност.

„Проекцијата за реалниот раст е ревидирана надолу како резултат на неизвесноста и ограничувањата кои произлегуваат од конфликтите и глобалните тензии кои негативно се одразуваат на глобалната економска активност. Ова имплицира одредено одложување на на претходно проектираната патека на забрзување на економијата во земјата. Сепак, во услови на очекувана стабилизација на глобалните фактори, се очекува постепена динамизација на растот, при што во периодот 2027-2031 година, просечниот раст на економската активност се очекува да изнесува 4%“, објавија од Министерството за финансии.

Инфлацијата, пак, која имаше надолен тренд во првите два месеци од годинава, нагло забрза во март кога почна нафтената криза. Министерството за финансии сега очекува 4,5 проценти раст на трошоците на живот, наспроти 2,5% согласно годинешиот буџет. Основното среднорочно сценарио се уште претпоставува дека војната ќе има ограничен интензитет и ќе трае до средина на годинава, без натамошен раст на цените на енергенсите, особено нафтата. Владата очекува инфлација од 3,3% догодина и околу 2 отсто во 2028-мата.

Реклама

„На краток рок, ризиците се проценуваат како претежно нагорни, во услови на потенцијално понатамошно зголемување на цените на енергенсите и примарните производи, додека на среден рок тие се поизбалансирани, во зависност од динамиката на надворешните фактори и домашните инфлаторни притисоци“, велат од Министерството за финансии на Македонија.

Среднорочната рамка предвидува продолжување на плановите за фискална консолидација. И покрај тоа што со првиот квартал се остварил голем дел од планираниот дефицит за цела година, сепак, тој останува во планираните рамки. Следната година, дупката во државната каса треба да се намали на 3,5%, на 3% во 2028-мата, односно 2,8% во три последователни години до 2031-ва година. Ќе се намалува и јавниот долг, согласно стратегијата. Годинава и во 2027-ма тој ќе биде околу 62%, по што ќе се намалува постепено до 58,5% од БДП во 2030-та година. И покрај зголемената потреба од задолжување, според министерството за финансии, тој ќе остане во прифатливи рамки како процент од БДП, поради поголемиот економски раст.