Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Расте индустријата, засилува реализацијата на капиталните проекти – економијата се движи во позитивна насока

Забрзано се градат автопати, пруги, болници, училишта. Досега се реализирани 35% од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Забрзано се градат автопати, пруги, болници, училишта. Досега се реализирани 35% од планираните капиталните инвестиции за цела година. Владата задоволна од динамиката на изградба. За подобро да се планира процесот, се формира Комитет за јавни инвестиции. Наместо стихијно планирање, ова тело треба стратешки да ги планира инвестициите и да ги мери резултатите. Што ќе се гради ќе се одлучува согласно  јасни критериуми, визија и долгорочна стратегија, наместо врз основа на импровизации. Мицкоски посочува листата на проекти вклучува изградба на пругите и автопатите долж коридорите 8 и 10, нови електрични локомотиви, завршување на објектите на Факултетот за физичко образование и ФИНКИ, Универзитетпт Мајка Тереза, инвестиции во клинички болници во Тетово, Штип и Кичево, нови енергетски проекти. Овие јавни инвестиции е проценето дека би чинеле 3,3 милијарди евра во следните 5 години.

„Од Министерството за финансии многу беше јасно образложена методологијата како се доаѓа до овие јавни инвестиции, такашто тоа е сериозна бројка. Најголем дел од нив се проекти поврзани со градежништвото. Тоа значи дека ако го поделиме на 5 години, ако почнеме и обезбедиме финансирање, тоа ќе значи нешто над 600 милиони евра годишно“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Владата задоволна од тоа како се полни државната каса. Првиот квартал во наплатата на даноците е солиден. Има зголемување кај данокот на добивка и персоналниот данок на доход со двоцифрени проценти раст споредено со истиот период лани. Кај ДДВ има едноцифрен пораст меѓу 5,5 и 6 %. Капиталните расходи се зголемени, исто како и исплатата на субвенции во земјоделството. Иако буџетскиот дефицит е 64% од планираното за цела година, министерката за финансии вели дека тој ќе остане согласно проекциите до крајот на годината. Државите финансии се консолидирале и покрај зголемените каматни трошоци поради направените долгови од претходната Влада.

Реклама

„Имаме поголеми каматни трошоци во однос на минатата година. Тоа се речиси 130 милиони евра. 130 милиони евра затоа што вративме дел од Еврообврзницата предвреме. Која обврзница? Таа обврзница што некој друг ја зема“ – вели Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Од капиталните проекти кои се реализираат годинава, со забрзана динамика се гради втората делница од пругата кон Бугарија. Од МЖ Инфраструктура велат дека се завршени 35% активностите на делот од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри. На тендер веќе се бара надзор за третата делница до бугарската граница, а на почетокот на мај ќе се објави и тендер за избор на изведувач на трасата. При крај се и активностите за изработка на физибилити студија за брзата пруга од Табановце до грчка граница, убедливо најробусен проект на кој се нафати оваа Влада. Во услови на инфраструктурен бум од една страна, но и глобална криза од друга, индустриското производство во март пораснало за 3%, наспроти минусот во првите два месеци од годинава.