Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Дончиќ: Она што ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота

Лично мислам дека она што ви го правеа и што уште ви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лично мислам дека она што ви го правеа и што уште ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота. Тие работи треба да останат билатерални, да ги решава Македонија со Грција и со Бугарија, а не да постојат вета, некакви забрани за македонскиот пат во Европа, рече претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Хајдаш Дончиќ по денешната средба со својот домаќин, лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

На заедничката прес-конференција по средбата, Дончиќ напомена дека СДП силно ја поддржува европската перспектива на Македонија.

И тој и Филипче се согласија дека ЕУ не треба да се гледа како стратешка цел, туку како инструмент за стигнување до стратешката цел, а тоа е, рекоа, подобар живот за граѓаните.

Реклама

На средбата станало збор и за збратимување на градовите, чии градоначалници во Македонија се од СДСМ, а во Хрватска од СДП, со цел нивна подобра подготовка за членство во ЕУ.

– Македонија низ историјата секогаш била во извонредно добри односи со Хрватска, и стопански и културни и политички. Така и ќе остане, Мора да знаете дека ЕУ е само средство за остварување на вашите национални цели, а тоа се благосостојба и добар живот за граѓаните. На тој пат имате искрен пријател во СДП на Хрватска и во мене. Тој пат е трновит, можеби ЕУ не е иделана, но за мали народи како нашите, во овој момент не гледам подобра асоцијација, не постои, истакна лидерот на СДП.

Тој потсети на социјалдемократските вредности, нагласувајќи дека СДП и СДСМ се за создавање и развивање нова вредност, но преку фер односи меѓу работниците и работодавачите.

Претседателот на СДСМ, Филипче нагласи дека со хрватскиот колега Дончиќ делат иста визија.

-ЕУ да не ја гледаме како наша стратешка цел, туку како инструмент да стигнеме до стратешката цел, а тоа е – да живееме подобро, поквалитено, во средени урбани средини, со повисоки плати и подобри услови за младите, тие да не заминуваат од земјата. На срдбата ни беше презентирано како општина во близина на Загреб се развивала низ годините зашто, колку сте помалку развиени, толку поголем процент добивате од европските фондови. Но, тоа е нешто што ние сега не можеме да го направиме. Поранешни фабрики во Хрватска прераснуваат во културни, урбани, спортски центри, во сали за кино проекции,…, а кај нас на тие места се случува брутална бетонизација, никнуваат згради.  оцени Филипче, според кого власта не прави ништо на таа тема.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: