Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Со заедничко оро во центарот на градот вечерва започнува “Гевгелиска везилка”

Со големо дефиле на кое сите играорци ќе изиграат заедничко оро во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со големо дефиле на кое сите играорци ќе изиграат заедничко оро во центарот на Гевгелија, денеска започнува Меѓународниот детски фестивал “Гевгелиска везилка”.

Под  мотото “Културата нè обединува, а фолклорот нè потсетува кои сме”, фестивалот по втор пат ќе обедини повеќе фолклорни друштва од земјава и соседството. Дефилето на сите учесници ќе започне во 17.30 часот од Пионерскиот дом, а настапите на играорците се предвидени од 19 часот во салата на Народниот театар во Гевгелија.  

Според најавите на организаторот на настанот, ансамблот “Бојмија” од Гевгелија, на фестивалот ќе продефилираат околу 200 учесници. Освен домаќините од Бојмија, публиката ќе има можност да ги проследи и настапите на КУД „Илинден“ од Битола, КУД „Гоце Марковски“ од Скопје, Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци , како и гостите, КУД „Соко“ од Сокобања, Србија и Фолклорниот ансамбл „Неретва“ од Јабланица, Босна и Херцеговина.    

Реклама

Од “Бојмија” велат дека фестивалот има за цел да се запознаат различните традиции преку игра, песни и народни носии и пред се да се поддржат младите генерации на уметници.

– Идејата за меѓународен детски фестивал ја имавме подолго време, а минатата година по повод изборот на Гевгелија за град на културата за 2025 година, ја реализиравме за прв пат. На градот му недостигаше таква манифестација, а тоа го покажа и фактот што добивме многу пофалби и добри критики за минатогодишното издание. Сакаме детскиот фестивал да стане традиција, и планираме секоја година да повикуваме гости за да го одржиме неговиот меѓународен карактер, изјави претседателот на “Бојмија” – Игор Илиевски.

“Гевгелиска везилка” се организира со поддршка од Општина Гевгелија, а влезот за настанот е слободен.