Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Која е жената чие тело во распаѓање беше најдено кај Зрновска река – Се очекува да се открие денеска

Се очекува денеска да биде идентификувана жената чие тело беше пронајдено во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се очекува денеска да биде идентификувана жената чие тело беше пронајдено во кочанското село Зрновци. Од судска медицина за Алфа потврдуваат дека првичните резултати за идентитетот обвинителството ќе ги добие денеска, а целосниот обдукциска наод во следните денови.

Истрагата на обвителството пак треба да утврди како настанала смртта, дали на телото влијаел човек или животни со оглед на тоа дека е пронајдено во фаза на распаѓање,  обезглавено и без други делови.

Полицијата, пожарникарите и обвинителството до доцна синоќа го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев. Од МВР соопштија дека пријавата за телото пристигнала околу 10:40 часот во СВР Штип, по што веднаш биле преземени мерки за увид и расчистување на случајот.

Реклама
  • „На 21.03.2026 во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. По насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.

Жителите на Зрновци се потресени и посочуваат дека никој од нив не бил пријавен како исчезнат, ниту се барал од властите.

Обдукцијата и истрагата ќе треба да ги разјаснат мотивите и сторителот на овој трагичен настан.