Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Пронајдена дрога во Гостивар, лишени од слобода три лица

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР – Гостивар лишиле од слобода три лица во Гостивар по пронајдена дрога, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 00:10 часот кај наплатна рампа – Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР – Гостивар ги лишија од слобода Е.Е. и Б.С., на возраст од 40 и 48 години, двајцата од Гостивар и Ќ.Р., 70-годишно лице од гостиварското село Врањовци. При преземање мерки, полициските службеници ги забележале лицата во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, при што Е.Е. исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени – се појаснува во соопштението на МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица.

Реклама

– Во координација со јавен обвинител, во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, додадоа од МВР.