Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Министерот за правда Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ, на која, како што информираат од неговиот кабинет, била потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција.

Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Црна Гора и Македонија, при што беше оценето дека односите меѓу двете држави ги карактеризираат пријателство, меѓусебна доверба и континуирана поддршка во области од заеднички интерес.

На средбата, Филков и Божовиќ се осврнале и на досегашните средби и постигнатите резултати од соработката, при што било истакнато дека постои простор за нејзино понатамошно продлабочување, особено преку поинтензивна размена на искуства, добри практики и институционална соработка во рамки на реформските процеси и усогласувањето со европското законодавство.

Реклама

Филков и Божовиќ, се вели во соопштението, потенцирале дека соработката меѓу двете земји претставува значаен придонес кон стабилноста и европската перспектива на регионот, изразувајќи заедничка волја за понатамошно интензивирање на билатералните односи во областа на правдата.