Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Парк со смарт клупи и лавиринт од растенија – нова содржина за гевгеличани

Гевгеличани ќе добијат нов модерен парк на пространа површина во кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гевгеличани ќе добијат нов модерен парк на пространа површина во кој ќе се предвидат содржини што досега не биле застапени во градското уредување.

Според најавите на општинските власти, ова ќе биде прв вистинки поголем парк во Гевгелија, на површина од 25 400 м². Паркот е предвидено да се протега долж северниот брег на Сува Река, започнувајќи од источната страна, од улица „Солунска“, па се до завршетокот на улицата „Титоградска“.

– Целиот овој простор ќе биде зазеленет со ниско и високо зеленило што позитивно ќе влијае на микроклимата во Гевгелија. Предвидени се земјени пешачки патеки изработени од ситно дробена камена ризла, урбана опрема со поставување на канти за отпадоци, клупи и настрешници. Ќе се постават и смарт клупи со систем за напојување на електроника, како и паркинг за велосипеди и електрични тротинети со можност за напојување на истите, најавуваат од кабинетот на градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.

Реклама

Според општинскиот проект, хортикултурното уредување предвидува засејување на ниски и високи стеблести растенија, поставување систем за наводнување на паркот и ново модерно осветлување. Дел од тематските елементи на паркот се и изработката на лавиринт од растенија, изградба на амфитеатар, како и видиковец.

– Изборот на подлогата за пешачките патеки, како и целокупната организација на паркот, местоположбата на сите предвидени содржини и поставувањето на урбаната опрема и хортикултурното уредување со разни видови на дрвја и растенија, се во сооднос со планираната сообраќајница, согласно ГУП, која се протега долж целиот опфат, појаснуваат од кабинетот.

Како што е наведено на општинската веб страна, Општина Гевгелија, аплицирала со проектот за урбан зелен парк на јавниот повик за финансирање проекти во рамки на програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија за период 2021-2027 година. По изборот на проектот од страна на комисијата, сега во тек е тендерска постапка за почеток на изградба на паркот.

Потегот покрај Сува Река честопати е вклучен во реакциите на гевгелиските екологисти кои алармираат дека се користи како место за одложување на секаков отпад и поради тоа е претворен во депонија.