Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни

Многумина чуваат и користат витамини во додатоци во исхраната, заради разни здравствени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многумина чуваат и користат витамини во додатоци во исхраната, заради разни здравствени придобивки – од подобар сон и поздрава коса до регулирање на варењето на храната. Сепак, фармацевтката Роџина Шамс Натери од Лондон, Велика Британија, предупредува на честа грешка што може да направи повеќе штета отколку корист, објави хрватски „Индекс“ (Index).

Имено, лекарката од „Лабораторијата Розвеј“ (Roseway Labs) објасни дека многу луѓе, во желбата да го зајакнат имунитетот, несвесно комбинираат повеќе производи со исти состојки, како што се цинкот и додатоци со витамините Ц и Б, со што ризикуваат „предозирање“. Според неа, додатоците не се безопасни.

– Меѓу најчестите грешки што ги гледам е комбинирањето зимски додатоци што содржат исти состојки. Можеби земате мултивитамин – средство за зајакнување на имунитетот и дополнителен цинк или витамин Ц и одеднаш, без да знаете, сте го зголемиле вносот за трипати. Некои претпоставуваат дека високите дози на витамини се безопасни, но тоа не е вистина. Иако се продаваат без рецепт, витамините не треба да се земаат без претпазливост, нагласува Натери.

Реклама

Како пример, таа го наведе цинкот, којшто е корисен за имунитетот, но земањето повеќе од 9,5 милиграми дневно за мажи и над седум милиграми за жени може да го ослабне имунитетот. Слично на тоа, земањето повеќе од 100 микрограми витамин Д може да ги зголеми нивоата на калциум во крвта до опасно ниво.

– Витаминот А се складира во телото, па ако надминете 1,5 мг, тоа може да предизвика оштетување на црниот дроб со текот на времето. За витаминот Ц, пак, препорачаниот дневен внос во Велика Британија е 40 милиграми, а кога е во повисоки дози, телото има сѐ помала полза. Откако ќе надминете 200 мг дневно, телото самото го излачува вишокот витамин Ц, појасни докторката.

Предупредува и дека таквите додатоци може да ја попречат благотворноста на лек на рецепт.

– Калциумот, магнезиумот, железото и високите дози витамин Ц може да ја намалат апсорпцијата на антибиотици, лекови за тироидна жлезда и некои лекови за висок крвен притисок. Доколку земате лекови на рецепт, дури и краткорочни, секогаш проверете кај Вашиот лекар или фармацевт пред да земете додатоци во исхраната, подвлече фармацевтката.

Во текот на зимата, земањето витамин Д е разумно за повеќето возрасни.

– Омега-3 масните киселини со ЕПА и ДХА го поддржуваат здравјето на мозокот и срцето, а магнезиумот може да помогне при проблеми со спиењето и мускулна напнатост. Но, додатоците во исхраната треба да го поддржуваат здравјето, а не да го заменат квалитетниот сон, балансираната исхрана и медицинскиот совет. Ако не сте сигурни, прашајте го Вашиот фармацевт, советува таа.

Ова може да помогне да избегнете повеќе штета по Вашето здравје, вели, наместо да имате корист.