Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Законските измени за ред во подземната инфраструктура поддржани од матичната собраниска комисија 

Предлог законите за изменување на Законот за градење и на Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог законите за изменување на Законот за градење и на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, денеска добија поддршка од матичната собраниска комисија која без расправа ги проследи во натамошна собраниска процедура откако констатираше дека не се поднесени амандмани. 

Според предлагачот, Министерството за транспорт, со измените на Законот за градежното земјиште ќе се воспостави ред во линиската подземна инфраструктура (оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациски системи, гасоводни мрежи, нафотводи итн.) и првпат ќе се овозможи нивно впишување во евиденцијата во катастарот на инфраструктурни градби во Агенцијата на катастарот за недвижностите. 

Целта е да се има јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата заради соодветно и рационално планирање нови градби од тој тип.

Реклама

Со измените се овозможува и општините да може да располагаат со градежното земјиште предвидено со урбанистички план за технолошко-индустриските зони а во насока на  економски развој и можност за домашните компании полесно да ги реализраат своите инвестициски планови. 

Предложените измени на Законот за градењето, пак, предвидуваат подобрување на условите за регулирање на имотно-правниот статус на базните станици на телекомуникациските компании, а преку тоа и поквалитетни и поефикасни телекомуникациски услуги за граѓаните.

– Дополнително, со измените во Законот за градењето се подигнува нивото на квалитет на технички преглед на градбите од прва категорија преку зголемување на критеруимите за формирање комисија за технички преглед и професионален пристап за спроведување на техничките прегледи на градбите од прва категорија, велат од Министерството за транспорт.