Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

БДП во 2025 година пораснал за 3,5 отсто

Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3.8 %…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3.8 % во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025,  пак, во однос на 2024 година е 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14.6 % и Стручни, научни и технички дејности,  8.1 % во Административни и помошни услужни дејности.

Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6.4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77.9 %.

Реклама

Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5.0 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонските и календарски прилагодените  податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3.4 %. Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3.5 %