Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Мис Стон ќе добие спомен соба во реновираниот Дом на културата во Градашорци, Општина Василево

Мис Стон ќе добие спомен соба во реновираниот Дом на културата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мис Стон ќе добие спомен соба во реновираниот Дом на културата во селото Градашорци, во Општина Василево. Ова го изјави градоначалникот на Василево, Слав Андонов, кој заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински извршија увид во градежните работи во реновирањето на овој објект.

Според Андонов, во собата на Мис Стон ќе бидат сместени најразлични историски податоци и документи кои укажуваат не нејзиното движење во пограничниот регион, односно во општините Василево и Кресна (Бугарија), но и го опишуваат овој историски настан.

-Покрај изградбата на спомен соба ќе имаме и културно-информативен центар којшто се гради за прв пат во нашата Општина. Со проектот се планира и набавка на електрични велосипеди, мапирање на туристичка патека која ќе биде во делот на браната „Турија“. Сметам дека овој проект ќе го реализираме успешно во партнерство со Општина Кресна, но и со Министерството за локална самоуправа, рече градоначалникот Андонов.

Реклама

Министерот Перински истакна дека овој проект произлегува од програмата на пограничната соработка ИНТЕРЕГ со Република Бугарија за кој Министерството за локална самоуправа е задолжено за негово спроведување.

-Ова е една додадена вредност во дел на реализиација и имплементација на проекти и на сето тоа кога ќе се надополни  и помошта која како Влада ја дадовме кон општините преку првиот и вториот јавен повик и е навистина голема посебно за оваа општина, некаде околу 115 милиони денари за имплементација на 6 проекти, навистина ќе се потврди фактот дека за нас како Влада не постои заборавена општина, рече министерот Перински.

Инаку, завршувањето на реновирањето на Домот на културата во Градашорци се очекува во август годинава. Општина Василево доби 302.357 евра, а главната цел на проектот е да се подобри туристичкиот потенцијал на прекуграничниот регион преку интеграција на креативни индустрии, дигитални алатки и зелени решенија, создавајќи атрактивна четирисезонска туристичка понуда и нови можности за локален економски развој.