Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград

Државјани на Србија,  и неколку од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државјани на Србија,  и неколку од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, околу два часот по полноќ, пристигнаа во Белград со специјален лет на „Ер Србија“ од Шарм ел Шеик, организиран од Владата на Србија и Министерството за надворешни работи.

Специјалниот лет, кој тргна од Белград вчера околу 17 часот, пристигна во Шарм Ел Шеик околу 21 часот по локално време,  и се врати со 67 граѓани на Србија евакуирани од Израел, меѓу кои и мали деца, јави РТС. Првично беше организирано преминување по  копно на египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетско одморалиште.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Дамјан Јовиќ кој беше испратен во Египет за координирање на акцијата, вели дека покрај фактот дека станува збор за хуманитарно прашање, тоа е и пораката што Република Србија сака да ја испрати дека „сакаме најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со нашите соседни земји, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина“.

Реклама

Првиот авион од Дубаи со српски државјани слета во Белград вчера. 

Согласно последните податоци, од македонското МНР и НТ, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

– Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, информира МНРиНТ.