Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Министерството за култура и туризам на 60. Меѓународен саем на туризам во Берлин

Македонија учествува на јубилејното, 60-то издание на најголемиот меѓународен саем на туризам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија учествува на јубилејното, 60-то издание на најголемиот меѓународен саем на туризам „ИТБ Берлин“ (ITB Berlin), кој се одржува од денеска до 5 март во Берлин. 

Македонската делегација, која на саемот ја предводи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, придружуван од националниот координатор за туризам, Акан Махмут, ќе реализира повеќе билатерални средби со цел интензивирање на туристичката соработка, зголемување на туристичкиот промет и заеднички настап на трети пазари.

-На националниот штанд од 93 квадратни метри годинава се претставуваат рекорден број учесници од туристичкиот сектор од земјава, вклучувајќи македонски туроператори за дојдовен туризам, хотелиери и ТАВ-аеродроми Македонија. Учеството на саемот во Берлин е уште една потврда дека како држава  продолжуваме со активна промоција на туристичките потенцијали на нашата земја, со фокус на одржлив развој, диверзификација на понудата и стратегиско позиционирање на клучните пазари, соопшти Министерството за култура и туризам.

Реклама

Во соопштението наведува дека според Државниот завод за статистика, во 2025 година Северна Македонија  ја посетиле 91 290 германски туристи, што е зголемување од 141 процент во однос на 2024 година.

-Во истиот период се реализирани 143 138 ноќевања, а тоа е раст од 93 отсто споредено со претходната година.  Германските туристи најчесто ги комбинираат културниот туризам, природата, гастрономијата и автентичните локални искуства, особено ги ценат Охрид и Охридскиот Регион, како и ситибрејк во Скопје со посета на кањонот Матка. Тие покажуваат значителен интерес и за вински тури, дегустации на локална храна, рурални искуства и активен туризам, што претставува силна основа за понатамошно позиционирање на земјава како атрактивна и автентична европска дестинација, наведува Министерството за култура и туризам. 

За саемот „ИТБ Берлин“ посочува дека од 1966 година е водечка глобална платформа за туризмот, каде што се среќаваат претставници од туристичкиот сектор, туроператори, авиокомпании, хотели и медиуми. Годинава земја партнер на саемот е Ангола.