Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Меџити и Хоџа на терен: Населбата Дижон се трансформира од темел

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министерот за животна средина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска извршиле теренска посета во населбата Дижон, каде што се спроведува една од најсеопфатните инфраструктурни интервенции во општината.

Како што информираат од прес-службата на Општина Чаир, проектот опфаќа 18 улици и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Инвестицијата вклучува изградба на нова фекална канализациска мрежа, нов водоводен систем и целосна реконструкција на улиците, со што на оваа населба ѝ се обезбедува нов стандард на живеење.

-Фекалната канализациска мрежа е целосно завршена на сите улици и споредни краци, додека водоводната мрежа е во завршна фаза, со реализирани над 70 проценти од работите. По целосното завршување на водоводот, ќе се изврши технички прием од ЈП „Водовод и канализација“, како формален чекор кон финализирање на инвестицијата. Последната фаза ќе биде асфалтирањето на сите улици опфатени со проектот, посочуваат од општината.

Реклама

-Ова е работа што се реализира со темпо, со план и со мерливи резултати. Дижон се трансформира од темел, со модерна инфраструктура и стандард што граѓаните го заслужуваат, истакнал Меџити.

 Хоџа ја оценил важноста на проектот за подобрување на условите за живот и заштита на животната средина, нагласувајќи дека инвестициите во основната инфраструктура се темел за одржлив развој и повисок квалитет на живот за граѓаните. Тој нагласил дека проектот е резултат на успешната соработка меѓу локалната и централната власт, како пример за институционална координација во интерес на јавноста.

Од Општина Чаир посочуваат дека со завршувањето на оваа фаза, проектот во Дижон ќе биде целосно комплетиран, обезбедувајќи модерна, функционална и одржлива инфраструктура за жителите.