Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Албанскиот претседател Бегај во посета на Дебар

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, тридневната посета на нашата земја, ја заврши со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, тридневната посета на нашата земја, ја заврши со посетата на Дебар, каде пристигна доцна попладне.

Поради присигнувањето подоцна од предвиденото време, немаше одделна средба со градоначалникот Фисник Меља, но и двајцата се обратија пред членовите на Советот на општината и претставници на институции.

-Добредојдовте во Дебар, градот познат по гостопримството и вековниот соживот и разбирање. Вашата посета претставува посебна чест за нас. Таа не е само обична посета на шеф на држава туку потврда за духовната, културната и национална поврзаност. Добрите односи и соработка меѓу Северна Македонија и Албанија се во интерес на сите граѓани и таа продолжува и во заедничката цел, членството во ЕУ, рече меѓу другото Меља.

Реклама

Во своето обраќање Бегај рече дека традиционално добрите односи и соработка се темелат и врз фактот што албанскиот фактор е клучен за стабилноста и безбедноста на Македонија и нејзината европска интеграција.

-Слушнав на средбите што ги имав деновиве дека имало некои недоразбирања, тоа не е во интерес на никого, треба да бидеме заедно бдејќи така можеме да одиме побрзо и поуспешно. Ние сме соседи, членки на НАТО и наша цел е да бидеме членки на ЕУ. Албанија се стреми тоа да го постигне до 2030 година, што е добивка за сите Албанци, посочи меѓу другото Бегај.

Тој по ифтарската вечер, за Албанија замина преку преминот „Блато“, кај Дебар.