Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Во Струмица одбележана годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Денеска во Струмица беше одбележана 154 годишнина од раѓањето на апостолот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Струмица беше одбележана 154 годишнина од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Пред неговиот споменик, на истоимениот плоштад, се одржа пригодна свеченост на која за неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Петар Јанков.

Тој истакна дека Струмица како град на историја, традиција и слободен дух, со особена чест се поклонува пред неговото дело. 

-Нашата Струмица била сведок на чекорите на револуционерите, на нивната жртва и на нивната непоколеблива верба во подобро утре. Затоа, споменот на Гоце Делчев е жив дел од нашиот идентитет. Нашата обврска денес не е само да се сеќаваме, туку да продолжиме по патот којшто тој го трасираше, да градиме општество на еднаквост, на можности, на напредок и на соживот. Да им оставиме на младите генерации држава во која ќе можат да сонуваат, да создаваат и да живеат достоинствено. Нека ни бидат пример неговата решителност, неговата жртва и безгранична љубов кон Македонија, рече градоначалникот Јанков.

Реклама

Пред споменикот на Делчев ученици од ООУ „Гоце Делчев“ од село Вељуса изведоа рецитал, а претставници на Општината,политички партии, институции, здруженија и граѓани положија цвеќе.