Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Ѓорѓиевски: Отворен е Младинскиот хаб на град Скопје

Отворен е Младинскиот хаб на град Скопје, младите добија свој простор. Овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворен е Младинскиот хаб на град Скопје, младите добија свој простор. Овој простор е замислен да биде живо јадро на младинската енергија, место каде младите самостојно ќе иницираат и реализираат свои настани и проекти, а студентите и младите професионалци ќе учат, работат и напредуваат преку работилници, обуки и менторски процеси, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека на отворањето на Младинскиот хаб на Град Скопје, кој е современ, отворен и инклузивен простор создаден по мерка на младите, нивните идеи, потреби и потенцијал, присуствувал и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григоријан.

– Ова е стратешка инвестиција во иднината на нашиот град. Хабот е целосно опремен со средства обезбедени од УНДП и претставува силна порака дека младите се во фокусот на развојните политики на Град Скопје. Управувањето со Младинскиот хаб им е доверено на млади и стручни кадри со релевантно искуство во младинската работа, образованието, културата и иновациите, кои ќе обезбедат динамична, транспарентна и одржлива програма, во служба на младинските потреби и амбиции, потенцира Ѓорѓиевски.

Реклама

Посебен акцент, како што нагласува, се става на соработката со невладиниот сектор, како и на партнерствата со институциите и приватниот сектор, со цел вмрежување, размена на знаења и создавање нови можности за личен и професионален развој.

Овде, младите ќе имаат простор да создаваат, да учат, да се поврзуваат и активно да учествуваат во градењето на заедницата. Со оваа иницијатива, Град Скопје јасно ја потврдува својата заложба за системска поддршка на младите и за создавање силна, иновативна и активна младинска заедница, двигател на иднината на нашето Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски.