Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ПССЕ изгласа резолуција за затворање на постмониторинг-дијалогот со Македонија

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат Иванка Василевска, заменик-шеф, и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше изгласана резолуција за затворање на постмониторинг-дијалогот со Македонија. Текстот на резолуцијата во име на мониторинг-комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија, од политичката група на социјалистите, и Џозеф О’Рајли од Ирска, од Европската народна партија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во текстот се наведува дека Парламентарното собрание го признава одржливиот напредок на Македонија во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со телата на Советот на Европа и ја признава политичката посветеност на властите за исполнување на обврските преземени при отворањето на постмониторинг-дијалогот во 2000 година. Врз основа на ова Собранието одлучи да го затвори постмониторинг-дијалогот со Македонија и да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.

Мониторинг-комисијата или долгото име – Комисија за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки на Советот на Европа, има важна улога да го следи исполнувањето на обврските преземени од страна на земјите членки според условите на Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и сите други конвенции склучени во рамките на организацијата на кои земјите членки се обврзале.

Реклама

Значењето на мониторинг-процесот, како што се наведува во соопштението, е нагласен и во односите меѓу Советот на Европа и Европската Унија, односно постои координиран пристап во мониторинг-механизмите, како во Советот на Европа, односно Парламентарното собрание и неговите комисии, Комитетот на министри, Конгресот на локалните и регионални власти, Венециската комисија, така и со ЕУ и другите меѓународни организации. Постои блиска соработка, консултација и координација на активностите во рамките на проширувањето на ЕУ и поради тоа исполнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се сметаат за битен елемент за унапредување, забрзување и остварување на аспирациите за натамошно евроинтегрирање на одредена држава.

Во дебатата за оваа точка учествуваа сите членови на делегацијата на Собранието. Иванка Василевска ја истакнала посветеноста на државата кон европските вредности, демократските реформи и конструктивната соработка во рамките на Советот на Европа, а затворањето на постмониторинг-дијалогот го оцени како признание за долгорочните напори. Таа се осврна на постигнатиот напредок во демократските процеси преку фер избори, мирна смена на власта, изборот на првата жена претседател и конкретните резултати во борбата против корупцијата, потврдени од ГРЕКО. На крајот, нагласи дека изгласувањето на резолуцијата е потврда на напредокот, мултиетничкиот и инклузивен карактер на државата и нејзината континуирана посветеност на реформите.

Беким Ќоку го поздрави завршувањето на постмониторинг-дијалогот за Македонија како значаен успех не само за државата туку и за целиот Западен Балкан. Тој нагласи дека реформите и доследната посветеност кон стандардите на Советот на Европа носат конкретни резултати и ги зајакнуваат демократијата и стабилноста во регионот. Ќоку нагласи дека Македонија е доверлив европски партнер, целосно усогласен со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и посветена на европската интеграција. Своето обраќање го заврши со поздравување на резолуцијата како признание за постигнатиот напредок и поттик за продолжување на реформите во сите земји од Западен Балкан.

Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека оваа резолуција со која се затвора процес по 25 години е резолуција за секој политичар што некогаш бил или е на власт, дека ја отсликува состојбата, но и желбата на граѓаните да бидат дел од Европската Унија. Таа истакна дека се надева оти со усвојувањето на оваа резолуција сите политичари во државата, особено власта, добиваат јасен знак дека местото на Македонија е во Европската Унија и тоа треба да се случи што побргу.