Реклама
Македонија

Мицкоски: Успешно учество на Форумот во Давос, набргу реализација на конкретни проекти и инвестиции

Македонија се претстави во позитивно светло и го потврди својот кредибилитет на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се претстави во позитивно светло и го потврди својот кредибилитет на Светскиот економски форум во Давос  – вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој изрази задоволство од бројните средби и преговори со претставници на врвот на светскиот бизнис, оценувајќи дека настапот на државата рамо до рамо со влијателни личности  ја зацврстиле позицијата на Македонија на глобалната сцена. Мицкоски истакна дека учеството во Давос било насочено кон следење на економските трендови и воспоставување контакти за развој на домашната економија, од кои наскоро се очекуваат конкретни резултати.

„Со мене на маса беше лавниот извршен директор на „Гленкор“, потоа господинот Џо Донован кој што беше поранешниот прв човек на „IT&T“ и сегашен член на бордот на „Локид Мартин“, австрискиот канцелар, директроката на Интерпол и така натаму.„На еден од панелите, говорници со мене, бидејќи јас не бев статиста таму, или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос, туку бев активен учесник на три панели, и морам да кажам, штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните“, истакна премиерот.

Главна цел на разговорите помеѓу македонската владина делегација и бизнис елитата била нови производни капацитети на електрична енергија. Мицкоски вели дека во следните 10 години на светот му требаат околу 40.000 теравати нови капацитети за струја – речиси колку што денес имаат заедно САД, ЕУ, Јапонија и Канада.Според него,ако Западен Балкан успее да привлече само 0,01% од тие инвестиции, тоа значи огромна шанса за регионот.

Реклама

Сите земји во регионот, Србија, БиХ Албанија Косово….заедно имаат 200 милијарди номинален БДП, како приоритет на маса ги ставив проектите Чебрен, Галиште и Бошков мост коишто се само две милијарди од тие 400 коишто ни стојат како можност секоја година. Две милијарди кога зборувам, зборувам за период од 7 до 10 години колку што ценам дека е потребно овие капацитети да се изградат. Кога добро ќе се изанализира сето ова ќе сфатиме дека ние како регион немаме капацитет, ниту човечки, ниту институционален да привлечеме 0,01 процент од овие коишто ќе се случат, нема бегање. И затоа размислував да го прошириме опфатот со Словенија, Хрватска, Грција, Романија, Бугарија, Турција. Сите пак овие земји заедно имаат некаде околу 2,5 трилиона бруто односно номинален БДП, повторно помалку од овие 4 трилиона коишто се 0,01 процент од она што ќе му треба на човештвото во следните 10 години – смета Мицкоски.

После големиот економски настан во Давос, македонската владина коалициија предводена од премиерот Мицкоски, ќе учествува и на Безбедносниот форум во Минхен, со фокус на политичко-безбедносни теми и средби со меѓународни партнери.