Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Во Клиничкиот центар во Скопје ќе се градат две монтажни катни гаражи

Долгогодишниот сообраќаен хаос во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ конечно ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долгогодишниот сообраќаен хаос во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ конечно ќе биде решен. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска најави официјален почеток на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи, проект кој ќе обезбеди дополнителни 500 паркинг-места за вработените и граѓаните.

Одлуката е донесена по денешниот координациски состанок помеѓу градоначалникот Ѓорѓиевски, министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје. На средбата била утврдена динамиката и моделот по кој ќе се реализира овој инфраструктурен зафат. Ќе биде овозможено непречено движење на амбулантните возила, што е од витално значење за пациентите.

Надлежните најавуваат подобра организација на сообраќајот според современи урбанистички норми. Проектот се реализира во тесна координација со Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Според најавите, ова е само дел од низата планирани инвестиции за подобрување на функционалноста на главниот град.

Реклама

„Со заедничка работа и јасна визија, градиме одржливи решенија во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението по повод почетокот на проектот.