Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Мицкоски: 2026 ќе биде година на реформи и реализација на проекти

Оваа ќе биде година на реформи, во која ќе се завршуваат проектите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа ќе биде година на реформи, во која ќе се завршуваат проектите и ќе се ставаат во функција објектите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новата градинка „Сончогледи“ во општина Гевгелија. 

Според него, 2026 ќе биде година на големи и крупни чекори во делот на градежништвото, образованието, енергетиката, економијата, земјоделството…

– Генерално, ќе биде година на реформи. Имаме јасен план, имаме јасна агенда. Ова честопати го кажувам, граѓаните, но и бизнисот, не треба да се грижат бидејќи оваа Влада работи според план, динамика и однапред подготвени решенија за сите потенцијални проблеми што претходно ги антиципирам, изјави Мицкоски.

Реклама

Тој потсети дека градинката во Гевгелија е четврта нова градинка пуштена во употреба од почетокот на годината, односно за само осум дена четири градинки се во функција.

– Четири градинки се веќе во функција, опремени со персонал и со нагледни средства, целосно функционални. Така продолжуваме и во периодот што следува да пуштаме во функција објекти што се завршуваат во делот на детската заштита, тоа се градинките, секако и училиштата се тука, рече Мицкоски.

Според него, во тек е реализација на голем број проекти и за училишта, како што се реконструкција, доградба и изградба на нови, како и спортски сали и базени. Најави дека кон крајот на месецот неколку ќе бидат ставени во функција.

– Сето она што го ветивме, сето она што беше составен дел од првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, се интензивира, се работи и се пушта во функција, истакна премерот Мицкоски.