Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Ѓорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод големиот христијански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, посакувајќи во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет.

-Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија, посочува Ѓорѓиевски во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Порачува секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре.

Реклама

-Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг.
Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста. Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки. Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца. Честит Божиќ. За многу години!, напиша тој.

Ѓорѓиевски во честитката нагласува дека Божик е ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака.

-Божик е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта. Ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака. Денес, во духот на овој свет празник, присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството, посочува Ѓорѓиевски во честитката за Божик.