Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар

Стареењето е природен процес. Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стареењето е природен процес. Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот и голем број обврски, а сѐ помалку слободно време, повозрасните имаат потреба од згрижување во старски домови. Но, иако во државата постојат државни и приватни установи, а во најава се и нови, расте интересот за сместување во старски домови – потребен е дополнителен простор и кадар.

– Во сите јавни и дел од приватните установи за сместување стари лица има листи на чекање, наведуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, на прашање колку лица имаат потреба од старски домови, а нема можности да бидат сместени и има ли листи на чекање.

Оттаму потврдија дека има потреба од вработувања во старските домови.

Реклама

– Има недостиг од соодветен стручен кадар за опслужување на постоечките установи за сместување на стари лица од социјални работници, медицински сестри и негуватели, истакнаа од Министерството.

Вкупниот сместувачки капацитет во јавните установи е 676 легла. Покрај сместување на старите лица во јавни установи, сместување обезбедуваат и 38 приватни домови. Вкупниот сместувачки капацитет во приватни установи изнесува 1.609 легла. Од постоечките приватни установи за сместување стари лица, најголем дел се во Скопје.

Од Министерството потсетија дека како држава, располагаме со пет јавни установи за сместување стари лица. ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“, Оддел „Мајка Тереза“ – Скопје има капацитет од 111 легла,  ЈОУ Дом за стари „Зафир Сајто“ – Куманово,  197 легла, а  ЈОУ Дом за стари „Киро Крстески Платник“ – Прилеп, 150 легла. ЈОУ Дом за стари „Сју Рајдер“ – Битола располага со 150 легла, а Општинската Јавна установа за социјална заштита на стари лица „Д-р Иван Влашки“ – Берово,  има 67 легла.

Изминатата 2025 година било направено проширување на сместувачкиот капацитет во Берово за уште 28 корисници.

– Министерството има склучени договори за соработка со Општина Пробиштип за адаптација и пренамена на крило на Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Дом за стари лица, 54 корисници и Општина Кавадарци за изградба на дом за стари лица, 57 корисници. Со Општина Крива Паланка во постапка е издавање на одобрение за реконструкција, пренамена и адаптација на Ученички дом „Боро Менков“ во дом за стари лица, 20 корисници, откако општината ќе ги обезбеди потребните документи. Со Општина Кратово – изготвен е нов идеен проект за реконструкција на постоечки објект во дома за стари лица, 35 корисници, доставен е до Министерството за разгледување, информираа од Министерството.

Оттаму нагласија дека секоја година, Министерството за социјална политика, демографија и млади објавува јавен повик на кој може да аплицираат сите заинтересирани општини што имаат потреба за изградба, доградба, реконструкција и адаптација на објекти за воспоставување на услуги и зголемување на капацитетите кај постоечките даватели, вклучително и капацитети за престој на стари лица.

На прашањето, има ли проблеми при функционирањето на старските домови, кои се тие проблеми и како се надминуваат, од Министерството посочуваат дека установите за сместување на стари лица – јавни и приватни, се соочуваат со предизвикот на обезбедување соодветен стручен кадар: социјални работници, медицински сестри и негуватели потребни за непречено функционирање на објектите.

Се интересиравме за тоа како се движат цените за сместување во старските домови.

– Цените за сместување во јавни установи за вонсемејна социјална заштита на стари лица се движат од 10.900 денари до 25.800 денари во зависност од здравствената состојба на корисникот, споделија од Министерството.

Прашавме, каде се наоѓа државава, споредбено со регионот и светот, кога е во прашање обезбедувањето услови за сместување стари лица во старски домови.

– Со институционалното сместување во Република Северна Македонија, опфатени се 0,5 проценти од вкупниот број стари лица, во однос на европските стандарди кои препорачуваат да бидат опфатени 3-5 отсто од старите лица, одговорија од Министерството.