Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста.

-Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите пријателчиња за Дедо Мраз, за игра, за учење и забава. Вреди обидот барем за момент да им одлетаат мислите надвор од болницата и да ги убедите дека следната Нова година ќе ја дочекаат дома. Се чувствувате полезно кога дете ќе Ви побара телефон за да Ви се јави или кога ќе ви ја каже неговата најголема желба, а вие го посакувате истото за него. Неизмерно сум им благодарна за денешното дружење на коешто ќе ме потсетуваат на цртаните балерини на Ајла и Тијана, напиша Сиљановска Давкова.

Реклама

На медицинскиот персонал им изрзола благодарност за пожртвуваноста, хуманоста, посветеноста и грижата за најскапоценото – здравјето на децата!.