Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Повисоки плати за наставниците од март идната година

Наредната година ќе има повисоки плати за наставниците. Од март 2026 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наредната година ќе има повисоки плати за наставниците. Од март 2026 година, тие ќе почнат да го добиваат договореното зголемување, кое ќе се движи од 7,5 до 10 проценти, во зависност од пресметките. Ова денеска го потврди и министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.

Како што посочи Јаневска, покачувањето претставува силен мотив за наставниот кадар и резултат на процес кој досега не бил успешно реализиран.

„Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската комисија“, рече министерката Јаневска.

Реклама

Покрај најавата за платите, таа информираше дека годинава ќе се спроведуваат два вида на државна матура. Кај стручната матура, прашањата ќе бидат прилагодени на наставниот материјал што го изучуваат учениците, додека кај државната матура, концептот ќе остане непроменет и прашањата ќе бидат исти како и досега.

Истовремено, Јаневска најави и можност за учениците од средните стручни училишта да полагаат државна матура, доколку не планираат да продолжат на факултет во струката за која се школувале.