Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Две години правна сенка со измените на Kривичниот законик, се чека целосно ново законско решение

Непоправлива штета на правниот систем се измените на Кривичниот законик кои на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непоправлива штета на правниот систем се измените на Кривичниот законик кои на „шверцески“ начин беа донесени пред две години во Собранието од СДСМ и ДУИ. Претседателот на Уставниот суд критикува дека намалувањето на казните за висока корупција биле донесени со европско знаменце без во нив да има каква било европска регулатива, без јавна и експертска дебата во брза собраниска процудура со што пратениците им свртеле грб на граѓаните кои ги гласаат. Според Дарко Костадиновски, Уставен донел историска одкука со тоа што му наложил на законодавниот дом за шест месеци да ги направи потребните измени на Кривичниот законик, рок кој се продолжи поради локалните избори.

  • „Наша укинувачка одлука би направиле уште поголема штета од таа што ја направија пратениците. Дента кога ја донесовме одлуката во февруари на прес конференција, кажав дека Собранието направи непоправлива штета на правната држава и на владеењето на правото во нашата историја, и се уште стојам на тој став“ рече Дарко Костадиновски – Претседател на Уставниот суд.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас вели оваа реформа е од пресудна важност и дека нема време за губење бидејќи секој функционер кој сторил криминал треба да сноси соодветна одговорност.

  • „Не е само желбата да државата да ги коригира туку да направи целосно испитување и да донесе нов Кривичен законик кој ќе биде усогласен со законодавната рамка на земјите членки на ЕУ. Одејќи подалеку од овие вредности. Се однесува на многу други области се однесува на еколошки права, на безбедност на сообраќајот на дезинформации, на шверц и злоупотреба на деца, насилни бракови и на насилство“ рече Михалис Рокас – ЕУ Амбасадор.

Владејачкото мнозинство изготви преодни решенија на Кривичниот законик,  за како што велат да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети.

Реклама

Во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, кој е дел од Реформската агенда и ќе биде усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.