Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина

По отварањето на конзултатот на Република Албанија во Струга, се очекува наредната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По отварањето на конзултатот на Република Албанија во Струга, се очекува наредната година да се отвори наш конзулат во Корча, а разговараме и за поврзувањето во различни други области, за добрососедството и за размената на различни проекти, истакна на денешната заедничка прес-конференција министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски со неговата албанска колешка, односно  министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.

Македонскиот министер за надворешни работи, Муцунски истакна дека културните врски меѓу двете земји се силни, како и во делот на заштита на македонското национално малцинство во Албанија, за што, како што вели, сведочат повеќе реализирани активности во годината што изминува.

-По тој повод изразувам и благодарност за одличната соработка, којашто постои на билатерален план по однос на прашањата за заштитата на македонското национално малцинство, коешто живее во Република Албанија. Продолжуваме заеднички низ призмата на многу иницијативи, коишто можат да не обединат. Со Елиса често се гледаме во последниот период, на многу различни форуми, насочени кон нашите заеднички приоритети. Посебно ме радува што во рамките на нејзиниот мандат како министер за европски прашања и надворешни работи одлучува една од нејзините први посети во регионот да бидат токму во Скопје, рече Муцунски.

Реклама

Министерката за Европа и надворешни работи, Спиропали потенцираше дека кога две држави имаат заедничка желба и заеднички цели наоѓаат време за посети и заедничка соработка во сите сфери, со цел да се подобри животот на граѓаните во двете земји. Спиропали истакна дека географијата не постави како соседи, историјата не научи да бидеме пријатели, а економијата двете земји прави партнери.

-Европската интеграција е број еден во надворешната политика на Албанија, но и на албанскиот народ. За нас во Албанија е големо постигнување е што за 13 месеци отворивме 34 поглавја. Особено во делот на правото, борбата против корупцијата и почитувањето на малцинствата. Уште еднаш се покажа дека нашиот пат е вистинскиот и дека европската иднина на Албанија е неодолива од траекторијата на Западен Балкан. Овој процес не го гледаме како натпревар меѓу земјите кандидатки, туку како пат, кој го одиме заеднички, дестинација која е незибежна и приородна припадност на нашите народи, посочи Спиропали.

Министерката за Европа и надворешни работи, Спиропали нагласи дека силно ја поддржуваат Македонија кон европскиот пат и тоа, како што вели, не само поради тоа што двете земји се партнери, туку затоа што нашата земја со јаки институции е сигурност за целиот регион.

-Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина и затоа што овде живее еден држвотворен народ, којшто е 33 проценти според последниот Попис, истакна Сиропали.