Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Мицкоски со петпати поголем рејтинг од Филипче: за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26%, за СДСМ 9,8%

Премиерот Христијан Мицкоски со убедливо највисока доверба кај граѓаните – покажува најновото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски со убедливо највисока доверба кај граѓаните – покажува најновото истражување на Институтот за политички истражувања ИПИС. Според анкетата, довербата во Мицкоски е речиси петпати поголема од онаа во лидерот на опозицијата Венко Филипче. 27,3 проценти од граѓаните најголема доверба имаат во премиерот. Зад него се Али Ахмети со 9 проценти, Венко Филипче со 5,1 и Димитар Апасиев со 5 проценти, додека останатите се под 4 проценти. Истовремено, секој четврти анкетиран граѓанин кажал дека не му верува на ниту еден политичар.

Истражувањето покажува дека доколку парламентарни избори се одржат следната недела, 26 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, што е речиси тројно повеќе од поддршката за СДСМ, која изнесува 9,6 проценти, а следат Коалиција ДУИ со 8,9 проценти, Коалиција ВЛЕН со 8,2 проценти, Левица со 5,9 проценти, ЗНАМ со 3,9 проценти, додека за друга партија би гласале 1,7 проценти. За ниедна партија нема да гласаат 13,1 процент, 11 проценти не сакале да одговорат, а 11,7 проценти не знаат или немаат став.

Во однос на работата на Владата, 26,1 процент од испитаниците имаат позитивно мислење, 26 проценти – донекаде позитивно, 23,4 проценти – негативно, а 17,9 проценти – донекаде негативно.

Реклама

Граѓаните, според анкетата, не само што имаат најголема доверба во премиерот Мицкоски, туку во мнозинство ја поддржуваат и примената на системот „Безбеден град“, што се толкува како силен сигнал за поддршка на реформите насочени кон зголемена безбедност, ред и одговорност.

Според бројките на ИПИС, дури 7 од 10 граѓани даваат целосна поддршка на проектот „Безбеден град“ на Министерството за внатрешни работи.

Анкета покажува дека 63,9 проценти целосно ја поддржуваат оваа мерка, 12,6 проценти сметаат дека донекаде е оправдана, додека 7,5 проценти се целосно против. Дополнителни 5,2 проценти изразиле делумна неподдршка, а останатите не дале јасен одговор.

Истражувањето на ИПИС е спроведено телефонски меѓу 1.114 полнолетни испитаници на ниво на целата држава од 15 до 18 декември.