Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Тошковски: Со ниту еден странски дипломат не сум разговарал за какво било прифаќање мигранти

Опозицијата верува во нејзината приказна –  стопати повторена лага станува вистина, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицијата верува во нејзината приказна –  стопати повторена лага станува вистина, но не станува, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за опозициските тврдења дека власта прифатила  прифаќање на мигранти во државава. 

Опозицијата, рече вечерва Тошковски, се повикува на британските медиуми, може да се повикува на кого сака, но сите релевантни чинители во државава (премиерот, министерот за надворешни работи, претседателката, јас кога бев во Брисел) негиравме дека тоа што го тврдат е невистина и лага. 

– Најодговорно тврдам дека во рамки на мојот мандат со ниту еден странски дипломат не сум разговарал на тема за какво било прифаќање мигранти од страна на која било држава, никогаш ниту ми било поставено како прашање, ниту како барање, ниту сум го имал како разговор со кој било од нив, рече Тошковски. 

Реклама

Министерот за внатрешни работи посочи и дека секога година се намалува бројот на мигранти што поминуваат низ државава, за пет, седум, осум проценти,…  како и дека годинава од страна на Министерството за внатрешни работи не е одобрено ниту едно барање за азил.

– Кога говориме за тема мигранти, тие транзитираат низ Македонија 10-15 години, а сега имаме и ново утврдување на кризна состојба во делот на мигранти поради она што го имаме веќе како фактичка состојба во државата. На граѓаните мора да им објасниме дека Македонија е клучен фактор во делот на овие процеси поврзани со илегална миграција од едноставна причина затоа што е на патот на нелегална миграција. Ние сме транзит земја и заради тоа сме многу клучни, рече Тошковски.

Во коментар на тврдењата за можноста за враќање на мигрантите во трети земји не само во земјата на потекло и споменувањето на Западен Балкан во тој контекст и договорот меѓу Италија и Албанија, рече дека „македонската опозиција почна да не прави разлика помеѓу Македонија и Албанија“. – Ова е Македонија , не Албанија, рече министерот Тошковски.