Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Минчев: Реформта на јавната администрација е реформа на државата

Министерството за јавна администрација денеска ја промовираше унапредената ИТ алатка за следење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација денеска ја промовираше унапредената ИТ алатка за следење на примената на Стратегијата за реформа на јавната администрација.

На настанот организиран од Министерството за јавна администрација зборуваа министерот Горан Минчев и Маја Ханџиска Трендафилова –  директор на Регионалната школа за јавна администрација ReSPA.

Министерот Минчев, презентирајќи ги можностите на унапредената алатка, кажа дека реформите во јавната администрација, се и реформа на државата.

Реклама

Настанот беше организиран за да се информираат сите засегнати страни (јавни институции, приватен сектор, академска заедница и организации од граѓанското општество) за нејзината употреба, значење и придобивки, како и да ги поттикне сите учесници да се вклучат во активна соработка и имплементација.

– Целта е да се подобри квалитетот на услугите и иновациите во јавните институции, како и да се зголеми ефикасноста и транспарентноста на процесите преку дигитализација и интеграција на современи ИТ системи. Овој процес е дел од пошироките напори за реформа на јавната администрација, насочени кон модернизирање на процедурите, поедноставување на услугите, намалување на бирократијата и зголемување на отчетноста кон граѓаните. Примената на иновативни технологии е клучна за подобро управување со ресурси, побрза работа на институциите и поефикасно следење на резултатите, посочуваат од МЈА.

На настанот присуствуваше и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.