Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Советот на јавни обвинители треба да назначи вршител на должност на местото на Коцевски

Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да определи вршител на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да определи вршител на должноста јавен обвинител откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вторникот си поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција.

Седницата Советот на јавни обвинители е закажана во 11 часот. 

Вршителот на должност се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Македонија. Должноста ќе ја извршува до именување на нов државн јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Реклама

Јавни обвинители во Јавното обвинителство на Македонија се Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Љупчо Коцевски во средата, истиот ден кога Собранието требаше да расправа за предлогот на Владата за негово разрешување, на прес-конференција објави дека поднел неотповиклива оставка на функцијата. Коцевски во образложението истакна дека функцијата од која заминува ја вршел чесно и достоинствено, а оставката ја поднесува поради, како што рече, „очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“.

Едногласно со 62 гласа „за“ Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Исто така едногласно, но со 63 гласа „за“ Собранието во рамките на 140-тата седница го избра и И

Оставката, како што наведе, ја поднесува поради „непочитување на принципите врз кои почива правната држава“, а предлогот за негово разрешување го оцени како политичка одлука.

Коцевски  во обвинителството е од 2008 година, кога е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар. За државен јавен обвинител беше избран на 18.01.2022 година од Советот на јавните обвинители, а Собранието го именуваше на 13.02.2024 година.

Законската постапка за избор на прв човек на Јавното обвинителство предвидува дека тој треба да е државјанин на Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да има деловна способност, да има завршени правни студии и положен правосуден испит. Посебен услов за државен јавен обвинител е кандидатот да има непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Новиот државен јавен обвините треба да се избере по оглас што ќе го распише Собранието. Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на огласот во Службен весник. По пријавувањето на кандидатите, Владата треба да побара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати.

Советот на јавни обвинители е должен да ги подготви образложените позитивни или негативни мислења во писмена форма во рок од 15 дена. Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини не достави мислење до Владата, рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и по овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Во случај Советот на јавни обвинители да не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да распише нов оглас.