Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Буџет, избор на нови министри, анкетна комисија – предновогодишна агенда во Собранието

Кон крајот на неделава ќе се расправа за Изборниот Законик, а треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кон крајот на неделава ќе се расправа за Изборниот Законик, а треба да се закаже седница и за анкетната комисија за Кочани. Пратениците го користат последниот месец од годинава, да се донесат клучните закони, да се исполнат обврските и да се оствари дебата за трагедијата во дискотеката Пулс.

На брифинг со новинарите, претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека побарал од предлагачите на двете анкетни комисии – да се договорат да има само една дебата на која ќе бидат отворени прашањата и за пожарот во Кочани, како што бараат Левица и СДСМ, но и за другите несреќи, како што бараат од владејачкото мнозинство.

„На вчерашната координација го замолив координаторот на пратеничката група на Левица Борислав Крмов да побара од Димитар Апасиев, претседател на Постојаната анкетна комисија, седницата да биде одложена за друг ден за да може тој, премиерот Христијан Мицкоски, и сите други пратеници кои сакаат да присуствуваат да го сторат тоа. Седницата на Анкетната комисија се поклопува со пленарната седница за Буџетот за 2026 година“ вели Африм Гаши, претседател на Собрание

Во однос на реакциите во јавноста и дилемите дали сега паралелно со судскиот процес треба да има анкетна комисија за трагедијата во Кочани во Собранието, Гаши вели дека и тој имал дилема – но пратениците сметаат дека комисијата нема да биде мешање во судскиот процес туку барање политичка одоворност.

Се уште нема договор, дали седницата на Анкетната комисија ќе биде поместена за друг датум, бидејќи на 9 декември ќе се гласа Буџетот. Неделата после буџетот пак, ќе се гласаат и новите предлози за министри – Муамет Хоџа за животна средина и Беким Сали за Европски прашања.

Реклама

Во Собранието се очекува и предлогот на Владата за измени на Кривичниот законик, по сугестиите на Уставниот суд, но и реформските закони од правосудството.