Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Пренџов: Државата се движи во правилна насока, имаме намалување на јавниот долг и зголемен економски раст

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов за новиот Предлог-буџет направи паралела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов за новиот Предлог-буџет направи паралела за време на владеењето на СДСМ и ДУИ чиј просек на раст бил 1,1% додека денес со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има раст од 3,5 до 3,8%, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„БДП е основниот параметар во рамки на макроекономијата којшто ви кажува дали државата оди во правилна или погрешна насока. Она коешто е факт и коешто е бројка е тоа дека СДСМ и ДУИ беа на власт седум години, во тие седум години просекот на раст бил 1,1%, да немало влада економијата сама по себе повеќе ќе растела, него ли нив што ги имала како влада. Денеска, само оваа година ние имаме од 3,5% до 3,8% раст, тоа значи дека најмалку 3 ипол пати оваа Влада во делот на економијата е подобра. Економијата си влече последици, си влече камати, имаме ситуација во којашто иако следните години ќе враќаме милијарди, ќе паѓа јавниот долг бидејќи има макотрпно штедење“, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека јавниот долг е намален, а државата е фокусирана на изграба на железницата која од Грција до средна Европа ќе поминува низ Македонија, со што државата со нејзината изградба ќе има дополнителен финансиски бенефит.

Реклама

„За прв пат после многу години, долгот на оваа наша држава е намален. Разликата е тоа што сега вие земате за градба на железница, за градба на автопат, за проектирање на автопат определени кредити, разликата помеѓу тие две милијарди е што таа железница ќе ја има во Македонија, целата роба што оди од Грција до средна Европа ќе мине низ Македонија и државата ќе добива пари за тоа. Тоа е едното задолжување, тоа ние го прокламираме. Ако трошите одговорно, ако се задолжувате за нешто коешто потоа ќе носи и ќе враќа пари, тоа се вика добро и капитално задолжување за капитална инвестиција“, вели Пренџов.