Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Мицкоски не открива на која позиција ќе застане Муртезани

Работа, одговорност и фокус на интересите на граѓаните – ова се очекувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работа, одговорност и фокус на интересите на граѓаните – ова се очекувањата што премиерот Христијан Мицкоски им ги постави на новите министри во Владата. Во кусата, но јасна изјава за неговите очекувања од новите кадри на Илинденска, премиерот подвлече дека мандатот кој го добиваат носителите на функции носи и обврска за чесност и посветеност. Испрати порака дека институциите не смеат да бидат бирократскa формалност, туку активен сервис во функција на народот.

„Да работат посветено, чесно и да работат за интересот на граѓаните.“

Еден од оние кои ја напуштаат актуелната министерска позиција е Орхан Муртезани од Министерството за европски прашања. Мицкоски вели дека немаат разговарано за негово ново именување, но остава простор за натамошна соработка со него во друга форма.Вели дека е исклучтелно задоволен од неговата работа и очекува нивната соработка да продолжи на друго место.
Во истиот контекст, премиерот додаде дека Владата во овој период е насочена кон надворешните приоритети, меѓу кои и претстојниот Самит Западен Балкан – Европска унија, кој ќе се одржи овој месец. Таму, како што вели, Македонија ќе ги презентира своите позиции за евроинтеграциите.

Реклама

„Таму некаде помеѓу 17. и 18. овој месец е Самитот Западен Балкан – Европска унија. Така што имаме други приоритети на дневен ред, фокусирани сме на тоа, уште еднаш да ги презентираме нашите позиции за членство на Македонија во рамките на Европската унија и сите сме фокусирани на тоа.“

Додека Владата прави технички измени во институциите, во Собранието се отвора друго прашање – она за Бадентеровото мнозинство. Повторно се актуализираше во јавноста, особено во контекст на носење на реформските закони и усогласување со европската легислатива. Но премиерот Мицкоски прави јасна дистинкција – не го поврзува ова прашање со политички калкулации, туку со одговорност што треба да ја покажат пратениците кога се работи за закони од заеднички интерес.

„Јас не очекувам ниту еден пратеник да гласа против реформски закон што е поздравен од канцеларијата на ЕУ. Не би го поврзувал Бадентеровото мнозинство со реформската агенда.“

Со пополнети испразнети министерски места Владата влегува во декември со два приоритети – реформските закони за кои ќе се тестира Бадентеровото мнозинство во Собранието, и Самитот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи на 17 и 18 декември, каде премиерот најави активен настап за македонските евроинтеграции. Поширока реконструкција на владата не се очекува во следните месец и половина…