Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Ѓорѓиевски: Сериозно треба да работиме на базичниот проблем во однос на загадувањето – загревањето на домаќинствата

Ние треба сериозно да работиме на она што е базичен пробленм во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние треба сериозно да работиме на она што е базичен пробленм во однос на загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата. И тука веќе имавме неколку средби со претседателот на Владата во однос на гасните централи што планираме да ги правиме во главниот град, изјави вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на гостувањето на една од националните телевизии.

Тој се осврна на досега сработеното и на плановите за во иднина. Ѓорѓиевски зборуваше за системот „Безбеден град“, загадувањето, вработените во јавните претпријатија.

– Не сум убеден дека многу често гледаат полни контејнери. Јас нема да бидам најискрен, ако кажам дека не се случуваат и пропусти, тоа е жива материја и знаат да се случат и пропусти. Но, дека делуваме многу подобро за разлика од појдовната точка и основа што ја имав првиот ден кога влегов во Градот Скопје со 16 функционални машини – наспроти околу 50 што се функционални сега, денес – има разлика сериозна, рече Ѓорѓиевски.

Реклама

Додаде дека во план е инвестиција во нови комунални машини.

– Тоа што го направивме изминатиот период е заедно во координација со претседателот на Владата, министерот за транспорт и врски, веќе започнавме постапка преку Светска банка за да обезбедиме повеќе од 20 комунални нови машини што ќе бидат за потребите на „Комунална хигиена“. Тоа подразбира нова механизација, дел од старата механизација за која се одлеваат сериозни средства за амортизација и поправка да ја тргнеме настрана и настапиме со нови камиони. Во Буџетот за наредната година ќе бидат предвидени одредени средства дополнително како Град Скопје и „Комунална хигиена“, да инвестираме во нови машини, и механизација, ќе го направиме тоа, посочи градоначалникот.

Зборувајќи за вработените во јавните претпријатија, Ѓорѓиевски рече дека смета оти во „ЈСП – Скопје“ има многу договорци, чиј статус треба да се реши.

– Многу договорци има во „ЈСП – Скопје“. Но, тоа се шофери кои дефакто мора да останат да си ја вршат работата. Потребни се и дефицитарна е таа работа и ќе дадам се од себе да барем дел од нив, наредната година се потрудам заедно со новоназначениот директор да го решиме статусот на тие луѓе. Затоа што таму има луѓе коишто по 12,13 години се договорци на дело и треба да им се реши трајно вработувањето, смета Ѓорѓиевски.

Тој најави иревизија на работењето во Град Скопје, посочувајќи дека веќе им се одземени надлежностите на 23 раководители на сектори во институцијата со која раководи.