Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и Заев ,,се е под контрола“, значеше дека тендерите им се под контрола, а не нешто што е од јавен интерес 

СДСМ може да зборува за реформи и европски вредности колку што сака,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ може да зборува за реформи и европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите, значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична легенда, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува, прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да го прикриеш првиот, обвини некој трет, изигравај жртва.

Така, во периодот 2019-2021 година, или златната ера на тендерските шеми на Заев и Филипче, отпишани се 2000 тони јачмен и пченица во вредност од околу 800.000 евра од стоковите резерви.

Реклама

Пченицата инаку била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура.

За да се прикрие ова, се склучуваат два тендери за набавка на 20.000 тони со соседна држава за да се пополнат дупките во залихите.

Заев, Филипче и Николовски ги убедуваа граѓаните дека се е под контрола, дека се функционира професионално, но за ова трио тоа значеше само дека внимателно си ги контролираат тендерите.

И сега, како може СДСМ да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува?

Наместо да се оградат, СДСМ го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција.