Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Целосно ќе се заобиколува „Стража“: Пробиени повеќе од половина од автопатот Гостивар- Букојчани, ќе се патува побрзо од Скопје до Охрид

Засилено се работи на автопатот од Скопје кон Охрид, делницата меѓу Гостивар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилено се работи на автопатот од Скопје кон Охрид, делницата меѓу Гостивар и Букојчани пробиена повеќе од половина, односно 17 од 32 километри. Со финиширањето на овој проект патувањето од главниот град до македонскиот бисер, ќе биде значително пократко. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на социјалните мрежи објави видео од градежните активности на овој дел, со кој треба да целосно да се заобиколи превојот Стража. Овој проект е дел од коридорот осум, чија целосна инвестиција е вредна околу 1,5 милијарди евра.

-Интензивни градежни активности на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридор 8, делница Скопје – Струга – Охрид. Веќе 17 километри се пробиени со кои се заобиколува популарната „Стража“. Ја градиме Македонија!, напиша Николоски.

Покрај Стража, Николоски претходно информираше дека интензивно се работи и на најтешкиот дел од автопатот Кичево- Охрид, каде со нови проекти се работело за целосно решение и стабилијација на најпроблематичните косини на оваа траса. Министерот за транспорт на Виенскиот форум пред две недели потенцираше и дека активно се работи и на коридорот 10д кон Грција.

Реклама

-Го развиваме и коридорот 10д – коридорот кој го крати растојанието меѓу Атина и Скопје. Ако во моментов се патува осум до осум и пол часа, со ова ќе се скрати на пет до пет и пол часа.” истакна вицепремиерот Александар Николоски на економскиот форум во Виена на 17-ти ноември.

Во моментов активно се работи и на реконструкција на граничните премини, со цел што помалку чекање за излез и влез од државата. На стартот на минатиот месец Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов конечно го потпишаа и договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија, кој од граничниот премин Деве Баир до преминот Ѓуешево ќе биде долг 2,4 километри. Половина се од македонска, а половина од бугарска страна.  

Матеја Петровски