Реклама

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Македонија

Во Битола одбележана годишнина од формирањето на Национален парк „Пелистер“

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ работно и заедно со партнерски организации и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ работно и заедно со партнерски организации и здруженија го одбележаа 30-ти Ноември, ден кога во 1948 година дел од планината Баба е прогласен за национален парк.

Националниот парк „Пелистер“ , како прв национален парк на територијата на Македонија, со алпски карактеристики, поставен меѓу долините на Пелагонија и Преспа, е формиран со закон донесен од Президиумот на Народна Република Македонија, а според Законот за заштита на природата, Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола е одговорна за заштита и управување со пракот, изјави, Иванчо Тошевски, директор на таа национална установа.

– Годинава роденденот на националниот парк „Пелистер“ го одбележуваме со голема работна акција за пробивање, расчистување и уредување на планинарска и велосипедска патека. Трасираната патека ќе го поврзи селото Цапари со националниот парк „Пелистер“, таа е во должина од четири километри и висинска разлика од 500 метри, и ќе биде дел од кружен систем на велосипедски и планинарски патеки кои ги поврзауваат селата Цапари и Ротино со националниот парк „Пелистер“, истакна Тошевски.

Реклама

Тимот планинари и вљубеници на планината ги уредуваат патеките од Цапарска Пресека до Цапарска Река, местото Лоша Стена каде има природен видиковец на кањонот на Цапарска Река, а на реката поставени се и два дрвени мостови. За време на престојот на планината имавме и блиска средба со мечка и две мечиња, потврди Тошевски.

– Работните активности ги извршивме со поддршка на локалното население, планинари и велосипедисти од Есктрим бајк тим (Extreme Bike Team) од Битола. Работата и дружењето ги посветивме на роденденот на Националниот парк „Пелистер“, име кое со гордост го носи нашата Установа, нагласи директорот Тошевски.

Активностите посветени на денот на прогласувањето на дел од планината Баба во Национален парк „Пелистер“, одлука донесена на 30 ноември 1948 година, продолжуваат утре во Инфоцентарот на ЈУНП „Пелистер“ со работна средба на менаџерите на четирите македонски национални паркови.