Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Бурни овации за „Профундис“ и Петар Пејчиќ на „Охридско лето“

Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ приредија незаборавен музички спектакл…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ приредија незаборавен музички спектакл на концертот „Timeless“, организиран од НУ „Охридско лето“ во големата сала на Македонската филхармонија. Настанот, одржан под светлината на свеќи, беше исполнет со силни емоции и предизвика бурни овации и повеќе бисеви од преполната публика.

Под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, програмата го опфати саундтракот од филмот „The Hours“, како и дела од Попер и Чајковски. Особено внимание привлече изведбата на Унгарската рапсодија, едно од највиртуозните дела за виолончело.

– Беа изведени и Рококо варијациите на Чајковски, најелегантните и најчесто изведувани дела од романтизмот. Во целина, тоа беше програма која беше доста сензитивна, емотивна и пред сè, атрактивна за публиката, изјави директорот на фестивалот Ѓорѓи Цуцковски.

Реклама

Петар Пејчиќ, кој веќе настапува на најголемите светски сцени и е добитник на престижни меѓународни награди, уште еднаш ја потврди својата репутација како еден од најталентираните виолончелисти на својата генерација. Критичарите го опишуваат како надарен музичар со огромен сценски шарм.