Реклама

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Македонија

Дипломатски хуманитарен базар по повод Светскиот ден на детето

По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот Мериот во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

Средствата собрани на настанот ќе бидат наменети за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.

На базарот ќе учествуваат бројни амбасади, културни центри и институти кои ќе промовираат автентични производи, вкусови и традиции од своите земји. Меѓу нив се амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот Конфучие.

Реклама

За најмладите посетители е подготвена детска музичка програма, а сите гости ќе можат да купат билети од 200 денари и да учествуваат во наградна игра каде ќе можете да се освои авионска карта за Истанбул со Turkish Airlines, престој во луксузна соба во хотел LIMAK со масажа и вечера со свеќи за двајца, 3D принтер, дизајнерски часовник од македонско-австриски бренд и многу други изненадувања.

Влезот е бесплатен, а организаторите упатуваат повик до граѓаните да се приклучат и да придонесат за создавање подобри услови за децата.