Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Мицкоски: Капиталните инвестиции се главен фокус за 2026, тие да бидат двигател на економијата, а целта е раст на БДП од над 4 отсто 

Главен фокус на Владата за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главен фокус на Владата за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што се и оваа година, како што од 3 отсто дојдовме на 3,4 отсто од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34 отсто во реализација на инвестициите и на капиталните и на приватните во третиот квартал, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, кое што се однесуваше на капиталните инвестиции и плановите за 2026 година, Мицкоски истакна дека целта е да се дојде до реален раст на БДП од четири отсто.  

– Нашата цел е да дојдеме до реален раст на БДП од 4 отсто и повеќе во услови на ваква криза, посебно во автомобилската индустрија и во услови на геостратешките политички консталации не само во Европа, туку и пошироко и да дојдеме до номинален раст на БДП помеѓу 7,5 отсто и 8 отсто, што веќе го правиме, бидејќи во првиот квартал беше 7,5 отсто, во вториот 7,8 отсто. Ова е она кое претставува наша амбиција во ова време и да ги намалиме во тие услови и јавниот и државниот долг“, посочи Мицкоски.

Реклама

Тој додаде дека ако се гледа во 2025 година и додадената вредност која ја креирале во економијата и ако се спореди со задолжувањата, „ќе видиме дека тоа е во однос 2 спрема 1 и затоа кога ќе прашаат каков е јавниот и државниот долг, одговорот е дека едниот е за речиси 2,8 отсто, а другиот за 3,5 отсто помал од тој кој бил на крај на 2024 година“. 

– Ако споредите со седум години СДСМ и ДУИ, ќе видите дека поголемо е задолжувањето отколку креираната додадена вредност во економијата. Тоа значи дека се задолжувале, а не создавале вредност, а ние во оваа година двојно повеќе создаваме вредност отколку што ја задолжуваме државата. Оваа влада домаќински се грижи за народните пари и може да ги планира соодветно, распределува, да инвестира соодветно за да граѓаните почувствуваат дека нешто на добро се случува во државата споредено на тоа како беше по принципот „како до сега“.  И никогаш нема да ја научат лекцијата, им ги слушам пораките, дискусиите тука и сфаќам дека не сакаат да ја научат. Си кажуваат една работа, комотно им е тука во Парламент, убаво им е на малкумина без да водат сметка како е во државата и каква одговорност имаат што седат во овие пратенички клупи, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека главна цел на Владата е да ги реализира капиталните инвестиции.

– Сите капитални инвестиции кои се дел од општините и ги финансира централната влада, а вкупниот обем на тие, ако на тоа се додадат и програмите преку министерствата, доаѓаме до бројка од половина милијарда евра, додавајќи дека дел се досега завршени, дел во фаза на реализација, овие капитални инвестиции очекувам дека отприлика 75 отсто до 80 отсто ќе бидат готови, додаде Мицкоски.  

Тој рече дека очекуваат да бидат при крај со автопатот Кичево-Охрид, во завршна фаза или најдоцна до првиот квартал во 2027 година.

– Имаме мал проблем со проектирање на косините кои треба да ја стабилизираат земјата за да не ни се свлече, за да нема инциденти, на линија се со потпретседателот на Влада и жестоки сме со таа компанија која си игра мајтап со трпението. Треба да го заврши тоа што требаше во февруари, се продолжи до октомври и сега пак бара рок до февруари. Жестоко работиме на реализација на Коридорите 8 и 10. Очекувам да имаме огромен напредок, очекувам завршување на реализацијата на капитални проекти во други сегменти и отпочнување на нови, изјави Мицкоски.