Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Велковски: Пензиите ќе бидат исплатени и ќе има покачувања согласно законските прописи

Пензиите ќе бидат исплатени и тоа скоро ќе се види, потенцираше денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензиите ќе бидат исплатени и тоа скоро ќе се види, потенцираше денеска заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во одговор на пратеничко прашање на Јованка Тренческа од СДСМ.  

– Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември. Сето тоа се лаги и ќе биде демантирано за само неколку дена од денеска. Ќе бидат исплатени тие пензии, и во 2026 и во 2027 и понатаму и ќе има покачувања согласно законските прописи. Граѓаните нека бидат мирни, рече Велковски.

Заменик министерот потсети дека владите на СДСМ не работеле на зголемување на пензиите а дека тие што изнесувале 14.000 денари сега се 20.000 денари, тие што имале 20.000 сега имаат 26.000 и имаат достоинствен живот. 

Реклама

Тренческа кажа дека, според неа, во Буџетот на Министерството за социјална политика немало пари за трансфер до Фондот за пензиско за исплаќање на пензиите во декември и праша од каде ќе бидат обезбедени потребните средства за да може да се трансферираат до Фондот за потоа да се исплатат пензиите.  

Во однос на второто прашање кое се однесуваше на линеарното покачување на пензиите, Велковски рече дека пензиите се усогласуваат по две компоненти – инфлацијата и трошоците на живот.

-Многу добро треба да знаете дека пензиите се усогласуваат по две компоненти – инфлацијата и трошоците на живот во Македонија. Не во Франција, не во Швајцарија, не во Австралија, во Македонија, рече Велковски додавајќи дека треба да се праша колку време трае проверката на пензиите на пример од Франција за да добијат минимално покачување, вели Велковски.

Крајната цел е, потенцира Велковски, и така е направен и законот дека тие што се тука во земјава треба да добијат покачување на нивните пензии.

– Ние се грижиме за сите граѓани, но оние што се тука во Македонија треба да добијат покачување на нивните пензии. Се грижиме за сите граѓани, но оние што се тука во Македонија се приоритетни, а секој еден од нив придонесува за ова општество, и ние треба да се грижиме за секој еден од нас, рече заменик министерот.

За тоа дека дали ќе ја почитуваат одлуката на Комисијата за спречување на дискриминација во однос на тужбите, рече дека секоја одлука на судот Министерството ќе ја почитува максимално. 

Тренчевска праша и за зголемување на надоместокот и посебниот додаток за лицата со попреченост, на што тој рече дека се грижат за овие лица и дека животот за нив ќе биде многу подобар во периодот што следува.    

На почетокот на седницата за пратенички прашања, претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека пратениците се приклучуваат кон акцијата за 16 дена активизам против родово базирано насилство.