Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Проф. д-р Кузмановска: Tрансплантацијата на корнеа во јавното здравство – голем исчекор во медицината и офталмологијата во државата

Имаме голем исчекор за нашата медицина воопшто, за нашата офталмологија и за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме голем исчекор за нашата медицина воопшто, за нашата офталмологија и за нашата трансплантологија. Со години во Македонија не била правена кератопластика, како што се нарекува стручно трансплантацијата на корнеа, во јавното здравство паузата е повеќедецениска пауза. Во Програмата за трансплантација за оваа година беше предвидена подготовка и почнување на методата кератопластика. Кога започнавме заедно со директорката на очна клиника, доц. д-р Наташа Трпевска Шеќеринов, првите разговори и наша заедничка цел ни беше пред крај на годинава да започнеме со корнеалната трансплантација, ова го истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, се наведува во соопштение од Министерството за здравство.

Таа појасни дека тоа што се случуваше во една недела е круна на еден процес кој траеше цела година, тоа е сложена операција, логистички, правно и во секојa смислa да се организира една таква сложена операција.

– Пред се започнавме со тоа што ја контактиравме Владата, без чија поддршка немаше да дојдеме до ова. Владата воспостави правна рамка за одржлив систем и сето тоа овозможи да започнеме една сложена процедура на подготовка, регрутација на пациенти кои имаат потреба од овој тип интервенција, да бидат проценети од офталмолозите, потоа тие пациенти ги ставивме на национална листа за чекање за трансплантација, потоа Kлиниката ги набави очните инструменти, неопходни за овој тип интервенција. Заедно со Клиниката за очни болести воспоставивме партнерски однос со Универзитетската клиника „Дјук“ од САД на наша иницијатива, појасни проф. д-р Кузмановска.

Реклама

Со ова луѓе кои имаат сериозно оштетување на видот, заради неповратно оштетување на рожницата. За нив единствен лек е трансплантацијата, што значи да се стави рожница од друг човек. Кај пациентите изненадувачки брзо се враќа видот и тие се добро постоперативно.

– Благодарно е да ги видите пациентите да можат да ја видат убавината на светот, да си ги видат своите блиски, да може да читаат што е многу важно, да бидат независни и да  го видат изгрејсонцето и зајдисонцето, заклучи таа, додавајќи дека е воспоставен темел, имаме тим од доктори едуцирани кои ќе направат оваа метода да продолжи, зашто континуитетот и одржливоста на методата се најважни за методата.