Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Дискусија во Собранието: Насилство врз жените во политиката е насилство врз целата демократија

Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Канцеларија Скопје и Центарот за интернет, развој и добро управување IMPETUS денеска организираа работна средба и дискусија на тема „Насилство врз жените во политиката и изборите Линија „Биди безбедна“ локални избори 2025 – предизвици и понатамошни чекори“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата воведни обраќања имале Јована Тренчевска, претседателка на Клубот на пратенички, Весна Ѓорѓиева, заменик-претседателка на Комисијата за еднакви можности и Афердита Хaџијаxа Имери од IFES.

Претседателката на Клубот, Тренчевска изразила задоволство што оваа средба се оддржува денеска на почетокот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“. Таа информирала дека пратеничките веќе излегле на терен и делеле информативен флаер на граѓаните кој беше изработен на иницијатива на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со цел директно да ја приближат кампањата и пораката за спречување на насилството врз жените и девојките.

Реклама

Тренчевска ја поздравила иницијативата на IFES и IMPETUS за безбедност на жените во кампањата и изборните процеси.

-Насилството не е само физичко може да биде во повеќе облици психичко, преку закана, потценувачки коментар, и тн., овие напади не се само напади врз жените во политиката, туку и врз целата демократија, потенцирала заменик-претседателка на Комисија за еднакви можности, Весна Ѓорѓиева.

Хaџијаxа-Имери споделила дека насилството врз жените во политиката е најсериозна пречка за учество и го нарушува целиот изборен процес.

Лилјана Пецова од IMPETUS – Центар за интернет, развој и добро управување презентирала како функционирала Линијата „Биди безбедна“ за време на локаните избори (26 септември – 25 октомври) 2025 година, каде имало вкупно 6 пријави од кои 3 консултативни, 2 барање за информации и една пријава за социјална мрежа.

По презентацијата следувала дискусија на присутните каде во фокус биле: формите на насилство врз жените во политиката, каде е границата помеѓу легитимната политичка критика и говорот на омраза, дали онлајн нападите влијаат врз одлуката на жените во однос на нивните кандидатури, каде жена политичарка може да се обрати и што се случува потоа.

Исто така, како што се наведува во соопштението од Собрание, биле споделени и можните насоки за понатамошна поддршка на жените во политиката, особено во контекст на изборните процеси.