Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Европска Комисија: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години

Македонската економија ќе порасне за 3,2% годинава и ќе забрза на 3,3%…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија ќе порасне за 3,2% годинава и ќе забрза на 3,3% во следните две години – стои во најновиот извештај за есенската прогноза за земјава на Европската комисија. Главен двигател на растот ќе бидат бруто-инвестициите, засилени од јавните вложувања, особено работата на патните коридори 8 и 10д. Инвестициите на компаниите ќе бидат поттикнати од подобрувањето на бизнис амбиентот и субвенционираното финансирање преку заеми од Унгарија и кредитни линии на ЕИБ, се наведува во Прогнозата. Подобри перформанси досега имале извозот и увозот, споредено со пролетната прогноза. Според ЕК, иако трговските врски на Македонија со САД се ограничени, државава сепак е индиректно изложена на влијанието на американските царини преку извозот на автомобилски компоненти во Германија.

„Растот на потрошувачката на домаќинствата се зголеми по слабите перформанси во 2024 година, поддржан од зголемувањето на реалните расположливи приходи поттикнати од силниот раст на пензиите и платите, експанзијата на кредитите за домаќинствата и намалувањето на инфлацијата“ – се вели во Прогнозата.

Европската комисија нотира дека инфлацијата се зголемувала од септември минатата година поради поскапувањето на храната, но и дека се очекува таа да го достигне посакуваното ниво од 2% до 2027-ма година. Предвидена е и фискална консолидација, па очекувањата на Комисијата се дека дефицитот ќе се намали на нивото од 3,2% во 2027-мата.

Реклама

„И покрај силните перформанси на јавните приходи во првите девет месеци од 2025 година, достигнувањето на целта за дефицит од четири отсто од БДП за 2025 година претставува предизвик, бидејќи тековните трошоци беа повисоки од првично планираните. Се предвидува дека дефицитот постепено ќе се намалува, но ќе остане над три проценти од БДП“ – се вели во документот.

Ризиците врз економијата остануваат умерени. Домашните доаѓаат од намалувањето на потрошувачката на домаќинствата како резултат на инфлацијата или евентуални проблеми при реализација на инфраструктурните проекти. Комисијата бара брзо завршување на структурните реформи, согласно договореното во рамките на Планот за раст со ЕУ, што треба да ги подобри перспективите за продуктивност  и раст на економијата.