Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Стојаноска: Владата има план како да се помогне, да внимаваме да не се политизира трагедијата во Кочани

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието повика на воздржаност. Таа нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана акција за помош и има јасен план за долгорочна поддршка на повредените и семејствата на загинатите.

,,Денес, а и многу пати наназад после несреќата, премиерот соопшти дека Кочани е приоритет за Владата, дека здравјето на повредените е пред се. Дека психолошката состојба на сите истрауматизирани е под постојана опсервација и контрола. Дека ќе се помогне на секој можен начин дека ќе се изнајдат многу повеќе средства за Кочани“, рече Стојаноска.

Стојаноска повика на воздржаност и да се дозволи на актуелната власт да ги преземе сите надлежности.

Реклама

,,Како пратеници треба да внимаваме да не повредиме уште некоја душа, да не споменуваме работи и имиња кои не се за споменување и да оставиме на сегашната актуелна власт да ги преземе сите надлежности и механизми “, кажа Стојаноска и додаде:

,,Времето е премногу скоро после трагедијата за да се расправаме ние тука кој повеќе се грижи за семејствата. Немојте да не ја запазуваме суштината. Голема е пораката и значењето да бидеме вистински пријатели на Кочани и да помогнеме а не да одмогнеме“.

Стојаноска нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде брза и координирана акција по трагедијата, и води грижа за повредените и нивната рехабилитација, и дека семејствата на загинатите и повредените ќе добијат помош.

,,Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во чие време се случи оваа страшна трагедија презеде најкомплексна и координирана акција после пожарот. Веќе немаме повредени чии животи се во опасност. Во тек е рехабилитација на повредените, во тек се сите можни проекции и планови за Кочани и за семејствата на починатите и на повредените. Ќе им се помогне на секој можен начин во текот на целиот нивен живот и не само финансиски“ истакна Стојаноска.

Стојаноска истакна дека Владата има јасен план за поддршка на настраданите и нивните семејства.

,,Нека им е вечна славата никогаш да не ги заборавиме и никогаш повеќе да не дозволиме било што слично на Кочани да ни се случи. Како што се обединивме околу гласањето на Законот за пиротехнички средства чинам, ама за жал откако се случи таа несреќа така и сега порачувам да се обединеме и да не фрламе сол врз свежите рани. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има план како да се помогне“, вели Стојаноска.