Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Опасна незаинтересираност на в.д. градоначалникот на Кочани, ја загрозува јавната безбедност

Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на Противпожарните единици.

Обезбедени се 43 специјални интервентни возила за брза реакција на терен. Но, една од ретките општини што одбила да учествува во оваа мерка е токму Кочани – затоа што Венко Крстевски не се ни пријавил на повикот на Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

Од партијата истакнуваат дека ова е срамно и неодговорно однесување.

Реклама

-Наместо да обезбеди повеќе опрема, човечки ресурси и сигурност за граѓаните, в.д. – то Венко свесно работи против сопствената Територијална противпожарна единица. Граѓаните со право прашуваат: кому му служи – на народот на Аки Акиов или на сопствените инаети и интереси?

Да потсетиме: истиот овој в.д. градоначалник беше против и отворањето на државниот Центар за рехабилитација на Пониква, сега повторно кочничар – но овојпат на сметка на јавната безбедност и заштитата од пожари!

Ова не е само административен пропуст. Ова е чин на директна штета за граѓаните на Кочани. Наместо нови вработувања, нова опрема и модерна служба – поради неспособноста на Венко , Кочани повторно останува со врзани раце пред секоја летна закана од пожари.

Време е за одговорност. Време е за промени. Кочани заслужува раководство кое ќе се грижи, а не ќе попречува, се наведува во соопштението.